Новак Ѓоковиќ ја започнува 394-та недела на чело на АТП листата, иако во последните седум дена загуби 500 поени и моментално има 11.045.

Ѓоковиќ претходно најави дека ќе одмора до 28 октомври, кога ќе учествува на турнирот во Париз. Таму ќе брани 600 бода освоени лани кога во финалето беше поразен од Холгер Руне.

Зад него е Шпанецот, Карлос Алкараз, кој има 8.760 бодови.

Потоа следуваат финалистите на турнирот во Пекинг. Трет е Даниил Медведев, додека освојувачот на тој турнир Јаник Синер скокна од седмата на четвртата позиција и е првиот Италијанец кој стигнал до толку висока позиција на АТП листата од 1976 година, кога Адријано Панета го направи тоа.

Во ТОП 10 се: Холгер Руне, Стефанос Циципас, Андреј Рубљов, Каспер Руд, Александар Зверев и Тејлор Фрик.