Кошаркарите на Работички го претрпеа вториот пораз во квалификациите за ФИБА Еврокупот.
Во натпревар од 2.коло на „А“ групата, Работнички загуби од Сабах од Азербејџан со 83-81.
Добро одиграната прва четвртина која ја добија со 10 разлика (25-15). Во вториот период, црвените имаа и најголеми 16 поени предност, за на полувреме да заминат со +10 (47-37).
Во вториот дел. Гостите предводени од македонскиот тренер Боби Митев, постојано ја бркаа негативата. Успеаја во тоа и во завршната четвртина влегоа со четири поени предност 64-60.
Во последниот период.
Сабах имаше 13 поени предност. Но, Трајс од јунак стана трагичар. Реализира Американецот на Работнички 29 поени но на 4.секунди до крајот направи голема грешка, па Сабах беше оној што се радуваше на победата.
Утре е слободен ден во „А“ групата чии средби се играат во СЦ „Кале“ во Скопје.
Во четврток, Работнички за противник ќе го има холандскиот Донар Гронинген во терминот од 20.30 часот.
Потсетување дека вториот македонски претставник во ова натпреварување, скопски Феникс се посрами откако во Никозија загуби со 47 разлика.