Унгарската репрезентација успеа да оствари нова важна победа во борба за подобар пласман во група 2 од главната фаза што се игра во Гетеборг откако вечерва со 28:25 го победи Бразил. Унгарците во најголемиот дел од натпреварот беа во водство, но противникот сепак успеваше резултатски да се доближи, но ниту еднаш не поведе.
Во последните минути Унгарија предводена од Мате Лекаи, кој постигна три голови (послените за неговиот тим) стигна до победата.
Франција очекувано во дуелот во Краков го победи Иран со 41:29, а францускиот селектор воглавно играше со играчите кои имаат помала минутажа.
На дуелите од Президент купот група 1 во Плоцк, Чиле – Уругвај 34:24 и Јужна Кореја – Саудиска Арабија 34:23.