Словенечкиот репрезентативец – голман Урбан Лесјак беше еден од подобрите во селекцијата на Словенија во дуелот со Шпанија.

Голман и на битолски Еурофарм Пелистер, Лесјак ја потврди одличната форма уште на почетокот од дуелот кога во еден напад одбрани три шута на противниците.

Лесјак натпреварот го заврши со 11 одбрани, но тоа беше недоволно за успех на неговата репрезентација, која загуби од Шпанија со 26:31.

Ваквата форма на Лесјак е одлична вест за битолски Еурофарм Пелистер, кој по Мундијалот го очекува тешкко продолжение на сезоната.

Покрај борбата со Вардар за шампионската титула во домашното првенство, пелистерци ги очекува и продолжението на европската сцена, односно ЕХФ Европската лига, како и дуелите во новата сезона на регионалната СЕХА лига.