Данецот, Гидсел е најдобар стрелец и МВП

Светското ракометно првенство е зад нас. Данска е старо-новиот шампион, но Данците испиша историја освојувајќи ја третата во низа титула, со што станаа првата земја на која и успеало ова.

Што се однесува до индивидуалните признанија.

Данецот, Матијас Гидсел е ракометарот кој го одбележа шампионатот, а со своите 60 голови тој покрај признанието најдобар стрелец, заслужено беше прогласен и за „МВП“, најдобар играч на првенството.

Покрај Гидсел во „идеалниот тим“ е светскиот првак Данска го има и левиот бек Симон Питлик.

Пд двајца ракометари имаат и сребрените Французи и бронзените Шпанци и тоа, средениот бек  Недим Ремили и кружниот напаѓач Лудовик Фабрегас, односно левото крило Анхел Фернандез и десниот бек Алекс Душебаев.

Утеха за кодомаќиниот Шведска која остана без медал, е признанието за Никлас Екберг кој е прогласен за најдобро десно крило, а Германците, Андреас Волф

Јури Кнор, ги понесоа признанијата за најдобар голман и млад играч.

Следното Светското првенство е по две години, а ќе се одржи во Хрватска, Норвешка и Данска.