На ракометниот шампионат што се игра во Полска и во Шведска попладнево и вечерва на програмата се четвртфиналните дуели. Олимпискиот првак Франција во Гдањск ќе игра против Германија, а натпреварот почнува во 18 часот. Во истата сала од 20:30 часот играат Норвешка и Шпанија.

Другите два четвртфинални меча се играат во Стокхолм. Во првиот термин е дуелот меѓу светскиот првак Данска и Унгарија, селекција која последна има победа над Данска на Светско првенство. Во вечерниот термин домаќинот Шведска за ривал го има Египет.

Во полуфиналето ќе играат победниците од натпреварите Франција – Германија против Шведска – Египет и Норвешка – Шпанија против Данска – Унгарија. Овие дуели се играат во петок на 27.јануари, а познато е само дека ако се пласира Шведска ќе игра во Стокхолм каде и во недела ќе се играат дуелите за медалите.