Улановас одигра капитенски

Екипата на Жалгирис ја оствари и четвртата победа во низа совладувајќи ја белградска Црвена Звазда со 71-66.

Во фантастична атмосфера во Каунас, литванскиот шампион во завршните 2,5 минути предводен од капитенот Улановас, со серија од 13-0, направи комплетен резултатски пресврт и не им дозволи на црвено-белите да се радуваат на гостинска победа.

Улановас натпреварот го заврши со вкупно 13 поени, од кои 9 ги постиган во самата завршница. Со оваа победа Жалгирис се проби на петтото место на табелата.

Во првиот меч од денешната програма, актуелниот шампион во Евролигата, Анадолу Ефес беше непријатно изненаден на домашен терен во Истанбул, од минхенски Баерн кој и покрај негативата од 15 поени на средината на третата четвртина, во последната успеа да направи пресврт и да слави со конечни 89-81.

Во тек се последните две средби од 20-тото коло, во кои Олимпијакос е домаќин на лидерот Реал Мадрид, а во МИлано гостува Лион Вилербан.