Македонската кошаркарска федерација (МКФ) добива два члена во натпреварувачките комисии во ФИБА.
Претседателот Перо Антиќ и генералниот секретар Владимир Георгиевски, ќе бидат дел од натпреварувачките комисии на ФИБА и ФИБА Европа.
Првиот човек на мак-баскетот е назначен за член на комисијата за натпревари на светската организација, додека првиот оперативец во комисија на ФИБА Европа.
Натпреварувачката комисија на ФИБА ќе биде составена од четири поткомисии: (машки репрезентации, женски национални тимови, младински репрезентации и клупски натпревари).
Комисиите на ФИБА имаат мандат од четири години.