Седум дуели во двете ракометните супер лиги ќе се одиграат денеска (сабота), а последниот можеби и најинтересниот (Бутел – Голден Арт) на програмата е утре во недела. Во А групата сите натпревари се играат денеска, а во салата Автокамнда е дуелот меѓу Аеродром и лидерот Алкалоид, додека вториот тим со максимален учинок во групата ГРК Тиквеш гостува во Куманово кај МРК Куманово. „Езерските екипи“ Охрид и Струга се фаворити на домашен терен против тимовите на Е.Пелистер 2 односно Скопје 2020.

Трите дуели што се играат денеска во Б групата имаат ист почеток во 18:30 часот, а фаворитите од групата гостуваат. Лидерот Вардар ќе патува во Прилеп, додека Еурофарм Пелистер гостува во Неготино. Во третиот натпревар Пролет 62 е домаќин на Мулти Есенс. Единствениот неделен дуел е меѓу Бутел и Голден Арт и почнува во 18 часот.

Распоред на натпревари (А група):
МРК Куманово – ГРК Тиквеш (сабота 13 часот)
Струга – Скопје 2020 (сабота 14:30 часот)
ГРК Охрид – Е.Пелистер 2 (сабота 18:30 часот)
Аеродром – Алкалоид (сабота 19 часот)

Распоред на натпревари (Б група)
Вардар Неготино – Еурофарм Пелистер (сабота 18:30 часот)
Пролет 62 – Мулти Есенс (сабота 18:30 часот)
Прилеп – Вардар (сабота 18:30 часот)
Бутел – Голден Арт (недела 18 часот)

Табела А група: Алкалоид 9 бодови, ГРК Тиквеш 9, ГРК Охрид 6, Аеродром 6, Е.Пелистер 2 3, Струга 3, МРК Куманово 0, Скопје 2020 0.

Табела Б група: Вардар 9, Е.Пелистер 6, Пролет 62 6, Прилеп 6, Голден Арт 6, Бутел 3, Вардар Неготино 0, Мулти Есенс 0.