Ракометниот клуб Вардар ги пушти во продажба сезонските карти и тоа по цена од 1200 денари.
Како што информираа од клубот.
Со еден билетот во сезоната 2023/2024 ќе може да се следат домашните натпревари од првенството на Македонија, Купот како и мечевите од СЕХА лигата.
Нема чекање пред билетарница, купување онлајан или на продажните места. Сезонскиот билет ви овозможува брз влез во салата и избирање на вашето посакувано место блиску до теренот.
Првите 500 што ќе купат сезонски билет ќе добијат и брендирана НАВИВАЧКА МАИЧКА од РК Вардар1961
Продажбата на сезонските билети ќе се врши преку КУПИКАРТИЗАСЕ и нивната продажна мрежа.
За влез во салата ќе биде доволно да имате билет, испринтан ваучер или пак да го покажете купениот ваучер во ПДФ на вашиот мобилен телефон.
Потоа сезонските билети ќе бидат заменети со пластифицирани картички кои ќе важат цела сезона.