Заврши зимската пауза и за екипите кои се дел од женските сениорски натпреварувања, односно Првата „А“ и Првата „Б“лига.

Овој викенд ќе се играат натпреварите од 9. коло кај „најдобрите осум“, односно 11. коло во групата на девет екипи кои бараат место во „елитните осум“.

Лидерот на табелата, екипата на Баскет Кам, оди на гости во Кавадарци кај екипата на Пробаскет, единствената која досега е без победа

„Двојна програма“ ќе има во салата „Независна Македонија“, во салата во Кисела Вода ќе истрчаат кошаркарките на Бадел и на Крива Паланка, а нешто подоцна ќе се игра дуелот Гризли и Струга.

Потсетување, по осумте одиграни кола во првиот дел, екипата на Баскет Кам 2011 е единствената со максимален ефект, односно осум победи во исто толку мечеви, или една повеќе во однос на Вардар.

ПРВА „А“ ЛИГА – ЖЕНИ – 9. КОЛО

21.ЈАНУАРИ (САБОТА)
14.00: Пробаскет – Баскет Кам 2011
17.00: Бадел 1862 – Крива Паланка
18.00: Вардар – МЗТ Скопје Аеродром
19.30: Гризли – Струга 2009
ПРВА „Б“ ЛИГА – ЖЕНИ – 11. КОЛО
21.ЈАНУАРИ (САБОТА)
12.00: Јанбор – Гостивар
15.00: Патриот – Куманово
22.ЈАНУАРИ (НЕДЕЛА)
13.00: Шкупи – Риниа
ЈАНУАРИ (СРЕДА)
19.00: Пониква 2022 – Спорт тим
ТАБЕЛА:
Баскет Кам 16 бодови,
Вардар 15,
Бадел 12,
Крива Паланка 12,
МЗТ Скопје Аеродром 11,
Струга 11,
Гризли 10,
Пробаскет 8;
ТАБЕЛА:
Шкупи 17 бодови,
Патриот 17,
Јанбор 16,
Гостивар 14,
Пелистер 13,
Пониква 12,
Куманово 10,
Риниа 10,
Спорт тим 9