Тимот на ТФТ ја запиша првата победа во новата сезона од кошаркарската Супер лига. Во исклучително ефикасна пресметка, домашниот состав успеа да го совлада жилавиот тим на Скопје со конечни 102:98.
„Црно-белите“ од Тафталиџе тргнаа фуриозно и изградија двоцифрена предност уште пред заминувањето на големата пауза. Избраниците на Боро Смилковски во третиот период има аи најголеми +17, но гостите не помислуваа на предвремено предавање.
Скопје во финишот со серија дојде на само еден посед негатива. Сепак, кошаркарите на ТФТ останаа во клучните моменти не дозволија пресврт пред своите навивачи.
Младиот Цветковски одигра беше најефикасен кај победникот со 24 постигнати поени. Огромен придонес за триумфот даде и Сила кој издоминира со дабл-дабл од 23 поени и 15 скока. Во поразениот табор апсолутно се истакна Паркер, кој го заврши мечот со фантастични 31 поен.
Драгите четири натпревари од ова коло ќе се играта викендов.
Распоред
Табела
| # | Екипа | О | П | И | кош +/- | Б |
|---|

























