Со вечерашниот натпреварот меѓу ТФТ и Скопје (поранешен Маџари) ќе биде отворена втората рунда во машката кошаркарска Супер лига. 

Ова практично е дуел на минатогодишните полуфиналисти во плејофот, но сега со видно изменети состави. 

Иако екипата на Скопје како вицепрвак требаше да настапи во АБА2 лигата, сепак се откажа од учеството. Тимот од Тафталиџе пак ќе биде дел од второлигашката конкуренција во регионалната лига. 

Двата тима сезоната ја отворија со порази. Екипата на ТФТ загуби на гостувањето во Битола кај пелистер, додека Скопје беше поразен на домашен терен од гевгелиски Кожув. 

Затоа дуелот што ќе си игра во СЦ „Борис Трајковски“, еден од двата тима вечерва ќе се израдува на првата победа. 

Дуелот меѓу ТФТ и Скопје ќе почне од 18.30 часот, а ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇 . 

Останатите натпревари на програмата се претстојниов викенд.

Распоред

Се вчитуваат резултатите…

Табела

# Екипа О П И кош +/- Б