Со скопското дерби меѓу МЗТ Скопје аеродром и ТФТ денеска ќе биде отворено 3.коло во машката кошаркарска супер лига.
Овој натпревар се игра порано од останатите, поради обврските на двата тема на меѓународната сцена.
Во вторник, МЗТ ќе го игра третиот натпревар во ФИБА Еврокупот, а ТФТ ја почнува сезоната во АБА2 лигата.
Во договорот на двата тима, но и зафатеноста на СЦ „Јане Сандански“, поради концерт, дуелот ќе се игра вечерва.
Актуелниот шампион МЗТ влегува како фаворит. Аеродромци заедно со лутиот ривал Работнички се единствените два тима, кои по две кола имаат по две победи. ТФТ има половичен учинок, откако во првото коло загуби во Битола од Пелистер, а во второто го совлада Скопје на домашен терен.
Вечерашниот натпревар во „Јане Сандански“ ќе почне во терминот од 18 часот, а ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇 .
Останатите 4 натпревари ќе се играат во текот на претстојниот викенд.
Распоред
Табела
| # | Екипа | О | П | И | кош +/- | Б |
|---|


































