Кошаркарите на Кожув ја остварија втората побеdа (пак на гостински терен) во машката Супер лига. Во натпревар од 3.коло Кожув го совлада Штип со 77:85 на гостински терен.

Домаќините пружија силен отпор во првото полувреме кое го добија со минимална предност од 40:39. Клучната разлика гостите ја направија во третата четвртина преку извонредна серија од 12:1. Штипјани се обидоа да се вратат во последната делница и намалија на само три поени негатива.

Сепак, кошаркарите на Кожув останаа присебни во завршницата и преку Армстронг и Бурис ја потврдија победата. Бојчев со 31 поени беше најефикасен во победничката екипа за која Бурис постигна 22 поени (и осум скока), а Симиќ оствари дабл-дабл учинок од 15 поени и 10 скока.

Кај поразениот ГКК Штип најефикасен на паркетот беше Хамилтон кој вкупно постигна 22 поени. Новајлијата Ѓорѓевиќ додаде 17 поени, но тоа беше недоволно за избегнување на третиот пораз во низа сезонава.

Распоред

Се вчитуваат резултатите...

Табела

# Екипа О П И кош +/- Б