Дуел против Косово за 1-то место

Младата футсал селекција на Македонија до 19 години, попладнево го игра вториот натпревар од Ц претквалификациската група, преку која се брка пласман во главната фаза од квалификациите за Европското првенство.

Откако пред два дена одиграа нерешено 3-3 во дуелот со врсниците од Германија, попладнево нашите млади футсалци се среќаваат со селекцијата на Косово, која вчера истото така со Германците одигра 3-3.

Така денешниот натпревар ќе реши која селекција ќе заврши на првата позиција единствена што носи пласман во главната рунда од квалификациите.

Со победа Македонија ќе биде прворангирана, а со евентуален нерешен резултат ќе сите три селекции ќе имаат по два бода и ќе решава гол разликата.

Натпреварот Македонија – Косово ќе започне во 17 часот, а оние кои не можат од било која причина да го следат во СЦ „Јане Сандански’’ тоа ќе може да го направат ОВДЕ (FFM Macedonia – YouTube)