Македонскиот првак Еурофарм Пелистер вечерва ќе го одигра вториот натпревар во Лигата на шампионите.
Во рамките од 2.коло на А групата, пелистерци гостуваат во Данска кај Алборг.
Овој меч доаѓа во тежок период за Пелистер кој на трите досегашни официјални натпревари во новата сезона, доживеа исто толку порази.
Два од нив беа од лутиот ривал Варда, а едниот од Колстад во Лигата на шампионите.
Дали за краток период пелистерци успеаја да ги консолидираат редовите и пред се да ја надминат психолошката криза останува да се види.
Јасно им е на зелено-белите дека противникот важи за голем фаворит. Но, пред заминувањето за Данска, тие најавија дека ќе сторат сé да извлечат поволен резултат.
Желбата е едно, можноста друго, а реалноста трета работа, па ќе треба да почекаме и да видиме како тоа ќе делува на теренот.
Натпреварот Алборг – Еурофарм Велистер ќе започне од 20.45 часот.
Претходно (18.45 ч.) ќе се играат две средби од „Б“ групата: Цеље – Порто и Висла Плок – ГОГ.