Ракометарите на Вардар не успеаја со победа да се простат од настапот во лигата на шампионите во последниот натпревар од групната фаза вардарци пред својата публика пропуштија шанса да го совладаат германскиот Мелсунген.

Супер интересниот натпревар во кој двата има имаа свои добри лоши периоди на игра а си играше исклучително борбено заврши без победник 26 26. 

 Германците отворија отворија со два гола на стартот, и најголема предност од три голови, но вардарци тоа го анулира. Фантастичен финиш на првиот дел од црвено-црните на одмор заминаа со водство 14:12 .

И во второто полувреме се водеше жестока битка. Само по еднаш двете екипи имаа по два голови предност. Во последната минута Вардар влезе со гол позитива 26-25, но гостите преку Дростен стигнаа до израмнување. 

Овој резултат го одведе германскиот состав во следната фаза на елитното натпреварување, во кое играј тимот на Висла Плоцк.

Вардарци се простија од Лигата на шампионите, но не и од настапите на европската сцена. Македонскиот првак ќе продолжи во второто квалитативно натпреварување ЕХФ Европската лига.