Во Лигата на шампионите денес не очекуваат нови 8 натпревари од првото коло во фазата по групи.

После синоќешните возбудувања на фудбалските терени, очекуваме и вечер да е исто така возбудливо.

Најинтересна се очекува да биде средбата помеѓу Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед. Кога се во прашање овие две екипи, простор за фаворит нема и поради тоа очекуваме да биди вистински фудбалски спектакл.

После подолга пауза на оваа сцена ја имаме екипата на Арсенал, која во Лондон ќе ја дочека екипата на ПСВ.

Минатогодишниот финалист, екипата на Интер, својот пат оваа сезона ќе го започне на гостински терен кај Реал Сосиедат.

Реал Мадрид кој секогаш важи за тим кој ја напаѓа шампионската титула, првото коло ќе го одигра пред своите гледачи, а за противник ја има екипата на Унион Берлин.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – 1.КОЛО
А група
18:45 ГАЛАТАСАРАЈ – ФК КОПЕНХАГЕН
21:00 БАЕРН МИНХЕН – МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД
Б група
21:00 АРСЕНАЛ – ПСВ
21:00 СЕВИЉА – ЛЕНС
Ц група
18:45 РЕАЛ МАДРИД – УНИОН БЕРЛИН
21 :00 БРАГА – НАПОЛИ
Д група
21:00 БЕНФИКА – САЛЦБУРГ
21:00 Р. СОСИЕДАД – ИНТЕР