Откако вчера беа надиграни и поразено до Вардар, ракометарите на Еурофарм Пелистер веќе денеска се насочуваат кон новиот предизвик

Поразот од Вардар за македонскиот првак беше третиот пораз во низа во новата сезона. Два од нив се од лутиот ривал Вардар, а едниот дојде од норвешкиот Колстад на стартот од Лигата на шампионите.

Сега за пелистерци претстои нов предизвик, повторно во елитното натпреварување.

Тие во среда гостуваат во Данска кај Алборг во натпревар од 2.коло на А групата во Лигата на шампионите.

За избраниците на тренерот Александар Јовиќ задачата нема да биде ни малку лесна имајќи в предвид дека противникот е исклучително квалитетна екипа.

„Втор натпревар по ред играме против скандинавски ривал. Не треба да се трошат зборови за Алборг.

Оваа екипа неодамна играше и финале на Лигата на шампионите, а сега се засилени со ракометари како Ландин и повратникот Хансен.

Верувам дека ќе се издигнеме, ќе одиграме во рамките на нашите можности и достојно ќе го претставиме македонскиот ракомет“,

изјави тренерот Јовиќ.

Алборг славеше победа во првиот меч и тоа на гостувањето во Полска кај Килце, со што само го потвтди дека и сезонава има големи амбиции во елитното натпреварување.

Пелистерци попладнево го одработија својот тренинг и веќе утре патуваа за Данска.

Натпреварот Алборг – Еурофарм Пелистер на програмата е во среда од 20.45 часот.