Екипите на Реал Мадрид и Уникаха ќе играат во финалето на шпанскиот кошаркарски Супер куп.
Ова е епилогот по одиграните полуфинални дуели во кој Реал беше подобар од Барселона, а Уникаха од Мурсија.
Во големото „Ле Класико“, Рeал до победата со 90-80 го предводеа Џанан Муса со 24 поени и повратникот во тимот Факундо Кампацо кој постигна 17 поени.
Кај Барселона, воедно и на натпреварот, најефикасен беше Лапровитола со 27 поени.
Реал ќе атакува на 29-тиот трофеј во ова натпреварување, прв од 2020 година.
На патот до него им стои Уникаха која во полуфиналето беше подобра од Мурсија со 79-74. Тимот од Малага, до победата ги предводеше Нихад Џедовиќ со 13 поени и шест скока, додека кај поразените најдобар беше Дилан Енис со 14 поени.
Уникаха сеуште се нема израдувани на трофеј во ова натпреварување.