Тројца од седуммината македонски борачи го завршија својот настап на Светското првенство што се одржува во Белград.

Уште во првата рунда беа елиминирани Бесир Алили и Дејан Митров.

Алили кој настапи во категорија до 61 килограм беше совладан од Силва од Порторико со 3:2, додека Митров со технички туш загуби од Индиецот, Синг Мен (86 килограми).

Фати Вејсели кој настапи во категоријата до 70 килограми имаше две борби. Во првата го со 7:0 го совлада Канаѓанецот, Мајкл Стенли Аселстине, но во осминафиналето беше поразен со 2:5 од Ерменецот, Андерсјан.

Денеска на Мундијалот ќе настапат Владимир Егоров (57.кгр), Расул Шапиев (75) и Ахмад Магомедов (75).

Покрај нив на Светското првенство се и Магомедгаџи Нуров (97) и единствената во женска конкуренција Вероника Рјабоволова (50).