Екипата на Барселона лесно стигна до четвртиот триумф во низа во Ла Лига.

Актуелниот шпански првак на домашен терен го демолира Бетис со 5:0 против Реал Бетис.

На своето деби во дресот на Барселона, Жоао Феликс го постигна првиот гол со кој домаќините поведоа.

Не им требаше многу да постигнат втор гол, а овојпат во улога на асистент се најде Феликс кој го проигра Роберт Левандвоски за 2:0.

Третиот гол за Каталонците стигнаа во 62.минута кога Феран Торес погоди од слободен удар . 

До крајот на натпреварот во листата на стрелци се запишаа Рафиња и Жоао Кансело. 

Барса е нов лидер на табелата со бод повеќе од Реал Мадрид кој утре го пречекува Сосиедад.

Standings provided by Sofascore