Македонија ќе има три претставнички на главниот турнир на фјучрсот во Скопје што се игра на терените на ТК Југ и се игра за награден фонд од 40.000 долари.
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа е слободна во првото коло. Таа е рангирана како 4.та носителка.
Покрај Ѓорческа настап ќе имаат и Магдалена Стоилковска и Ива Данева.
Стоилковска во 1.коло ќе игра против Лексие Стивенс од Холандија (24 годни, 507.место на ВТА листа).
Ива Данева за противничка ќе ја има Ксенија Ласкутова од Русија (27 години, 459.место ВТА).
Нашите тенисерки денеска се слободни и ќе ги прескокнат мечевите од првото коло.
Шесте македонски тенисерки (Катја Ивановска, Јана Божиновска, Ана Митевска, Теона Андова, Зара Зафировска и Ивана Милкова) кои настапија во квалификациите ги загубија мечевите со 2-0.