Новак Ѓоковиќ на најдобар можен начин потврди зошто е светски рекет број 1.

Тој триумфира на последниот Гренд слем годинава УС Опен, совладувајќи го Русинот, Данил Медведев во три сета. 

Првиот сет беше решен на самиот почеток. Ѓоковиќ го освои својот сервис, а потоа направи брејк за водство од 2-0. Таа предност Србинот ја сочува и го доби сетот со 6-3.

Вториот сет беше неверојатен, траеше дури еден час и 45 минути, а Србинот го доби во тајбрејк со 7-5.

По маратонскиот втор сет, Ѓоковиќ одигра уште еден релативно лесен, што го доби со 6-3, за конечна победа со 3:0.

Ѓоковиќ ја освои четврта титула на УС Опен (2011, 2015, 2018, 2023), а вкупно 24-та на Гренд слем турнирите, со што го израмни апсолутниот рекорд што го држеше ргарет Корт.

24-ката е бројот кој на дресот го носеше легендарниот Коби Брајант. Затоа Новак победата му ја посвети токму на Коби со кој биле блиски пријатели.