Со завршувањето на натпреварите на УС Опен на кој триумфираше Новак Ѓоковиќ, денеска се објавени најновите тениски рангирања.

Ѓоковиќ повторно е на првото место на АТП листата, а зад него е Карлос Алкараз.

Данил Медведев и Холгер Руне останаа на третата и четвртата позиција.

Прогрес од две места бележи Гркот, Циципас и Русинот, Андреј Рубљев, на сметка на Синер. Тејлор Фриц остана осми, додека деветтиот Каспер Руд падна за 4 места. Во ТОП-10 се врати, Германецот, Зверев.

Што се однесува до македонските тенисери и тие бележат напредок во рангирањето.

Калин Ивановски од две позиции и сега е 328 пласиран тенисер на светот.

Најголем скок има Горазд Србљак, кому поенот од фјучрсот во Куршумлијска бања му е запишан и со вкупно 9 поени се наоѓа на 1.092-томесто на листата.