Денес стартуваше Меѓународниот турнир ,,Ѓорче Петров Куп” на кој се одиграа четири натпревари.
Првиот натпревар го одиграа тимовите на Црвена Звезда и Панорама, а во него грчката екипа успеа да оствари победа со 38:25.
Екипите на Вардар и ПАОК го изиграа вториот натпревар. И на овој натпревар се радуваа грчките ракометарки кои ги совладаа вардарки со 30:24.
Српскиот тим Железничар ја победи екипата на Бекамент со 31:27.
Последниот натпревар беше меѓу македонскиот шампионот Ѓорче Петров и екипата на Бор. Фомаќино Ѓорче лесно и инедливо го совлада српскиот тим со 35:23.
На програмата за утрешниот ден се два натпревари претпладне, како и два вечерта.
Сала Христо Батанџиев
10:00 ПАОК – Железничар
12:00 Бор – Панорама
Игралиште Камин Кама
19:00 Вардар – Бекамент
21:00 Ѓорче Петров – Црвена Звезда
Ивона Кимовска