Додека во тек е Струшкиот ракометен турнир, соседниот Охрид се подготвува за својот турнир.
Имено од 23 до 26 август во организација на ГРК Охрид, а под покровителство на Општина Охрид, во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид ќе се одржи второто издание на меморијалниот турнир во ракомет „Крсте Андоновски“ со меѓународен карактер.
На турнирот ќе учествуваат осум екипи, меѓу кои учесници во Лигата на шампиони и СЕХА лигата, како и актуелни шампиони на своите држави, распоредени во две групи.
Од македонските претставници. Покрај домаќинот ГРК Охрид, ќе играат и актуелниот шампионот Еурофарм Пелистер, како и скопските Голден Арт и Бутел.
Турскиот Бешикташ, грчки Олимпијакос и добро познатите Металопластика од Србија односно Татран од Словачка, го комплетираат списокот.
Во „А“ групата ќе играат: Охрид, Бешикташ, Голден Арт и Олимпијакос.
Конкуренцијата „Б“ ја сочинуваат: Еурофарм Пелистер, Металопластика, Татран Прешов и Бутел Скопје.
Натпреварите ќе се играат во четири термини почнувајќи од 11 часот 13:15, 18 и 20:15 часот.
Карта за еден меч чини 100 денари, а блок карти за целиот турнир 500 денари. Истите ќе можат да се купат од понеделник, 21 август на билетарата при спортската сала „Билјанини извори“.
Снимки од натпреварите ќе се емитуваат секој ден на МТВ 3, после 22 часот.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ
23.08.23 (среда)
11:00 Бешикташ – Голден Арт
13:15 Еурофарм Пелистер Бутел
17:40 Свечено отворање на турнирот
18:00 Охрид – Олимпијакос
20:15 Металопластика – Татран Прешов
24.08.23 (четврток)
11:00 Металопластика – Бутел
13:15 Охрид – Голден Арт
18:00 Бешикташ – Олимпијакос
20:15 E. Пелистер Татран Прешов
25.08.23 (петок)
11:00 Голден Арт – Олимпијакос
13:15 Татран Прешов – Бутел
18:00 Е. Пелистер – Металопластика
20:15 Охрид – Бешикташ
26.08.23 (сабота)
11:00 за 7 место
13:15 за 5 место
18:00 за 3 место
20:15 Финале