Повеќекратниот победник на Струшкиот ракометен турнир, Вардар со победа го започна 51-то издание.
Вардарци очекувано и лесно се справија со домаќинот и организатор Струга, совладувајќи го со 29:17.
црвено-црните рано го најавија тоа со седумте гола во низа и водството од 7:1, а на полувремето заминаа со 15:8. Двоцифрената предност ја стекнаа по само пет минути игра во вториот дел (18:8), па до крајот се беше само рутина.
Во победничкиот тим најефикасен беше Ален Ќосевски со 5 гола, а по 4 гола постигнаа Томислав Јагуриновски и Милан Лазаревски.
Утре Вардар е слободен, а во петок игра со ГУИФ Ескилстуна.
Вечерва по свеченото отворање, следува дуелот меѓу македонскиот вице-првак Алкалоид и екипата на Динамо Панчево.