Македонскиот првак Еурофарм Пелистер настапува на ТВ турнирот во Добој еден од најсилните во Европа.

Битолчани во воведниот натпревар беа надиграни од бранител на трофејот од лани, Ал Ахли.

Египетскиот шампион славеше со 11 голови разлика 34-23. Ова беше дуел од групата Б во која вчера на отворањето францускиот Монпелје го надигра домаќинот.

Токму екипа на Слога Добој е противникот на Еурофарм Пелистер во првиот натпревар од денешната програма што ќе започне од 15 часот и 30 минути.

По овој меч следуваат дуелите: (17.20 ч) Барселона – Загреб, (19.10) Војводина – Целје и (21) Монпелје – Ал Ахли.