Кадетската македонска репрезентација заврши како последно пласирана на ЕП за играчи до 16 години кое денеска завршува во Скопје.

Во денешниот дуел за избегнување на „фенерот“ напите „надежи“ се убедливо поразени од Белгија со 18 разлика 90-72. 

Со тоа Белгијците ни се реваншираа за поразот во дуелот од 1.коло, што пак за Македонија беше и единствената победа. 

Шесте порази во низа и тоа убедливи, само го потврдија она од што стравувавме. Македонија не успеа да ја искористи предноста на домашниот терен и да обезбеди опстанок во елитната „А“ дивизија. 

Тоа беше примарната цел на оваа селекција на играчи, чиј дел од неа догодина би требало да игра во второлигашката „Б“ дивизија. 

Сите резултати на Македонските кадети на ЕП во Скопје
Б група
Македонија–Белгија 63:57 (+5)
Македонија–Франција 56:113 (-57)
Македонија–Литванија 52:95 (-43)
ОСМИНА-ФИНАЛЕ
Македонија-Словенија 65:100 (-35)
За пласман од 9 до 16 место
Македонија-Летонија 46:57 (-11)
За пласман од 12 до 16 место
Македонија-Израел 48:71 (-23)
За пласман на 15 место
Македонија-Белгија 72:90 (-18)

Сее за „ДЕБАКЛОТ“ на макеоднските кадети на ЕП во Скопје