Македонските одбојкари денеска продолжуваат со контролните натпревари, кои се дел од подготовките за Европскиот шампионат.

Тие се во Кавадарци каде веќе одиграа по еден натпревар со Израел и Јапонија.

Попладнево од 18 часот, повторно ќе играат со Израелците.

Во првиот меѓусебен натпревар Македонија по голема борба и со пресврт славеше со 3:2, иако Израелците имаа предност од 2:0.

Тој меч како и дуелот со Јапонците од кои исто така по голема „драма“ загубивме со 2:3, се добра најава за она што можеме денеска да го очекуваме од избраниците на Јошко Миленковски.

За македонските одбојкари денешната ова ќе биде четврта контрола пред Европското првенство.

Покрај Израелците во Скопје ја победивме и селекцијата на Романија.