Организаторот на традиционалниот Струшки ракометен турнир го објави распоредот на натпреварите за 51-то издание.

На отвореното игралиште крај женската плажа „Горан Попоски Бабец“ од 16 до 19 август, ќе настапат шест екипи поделени во две групи.

Во конкуренцијата „А“ ќе играат македонскиот вице-првак Алкалоид, грчкиот АЕК и српската екипа Динамо од Панчево.

Ривали на скопски Вардар во групата „Б“ ќе бидат домаќинот Струга и шведскиот тим Гуиф.

Првите три дена на програмата се се играат по два натпревари (од 18:30 и 20:30 часот). Последниот дел на програмот се три средби, со тоа што дуелот за 5.место  ќе се одигра од 10.30 часот.