Мила Трајковиќ е ново засилување на тимот на Металург Автокоманда.
Таа игра на позицијата лево крило. Мила ќе и се придружи на Миновска на левата крилна позиција.
Потекнува од школата на Куманово каде потоа и играше за првиот тим каде беше една од поквалитетните играчи во екипата. Претходните две сезони беше дел од екипата на Металург.
Трајковиќ има настапувано за кадетската и младинската репрезентација на Македонија. Воедно и во неколку наврати беше повикана и за сениорската репрезентација.
За Металург Автокоманда ова е шесто засилување за сезоната што следува откако претходно потпиша Сара Миновска, Амра Терзиќ, Таида Беровиќ, Михаела Кралева и Миа Маринчов.
Ивона Кимовска