Машката кадетска селекција на Македонија e поразена од Хрватска со 63:86 ви првиот од двата контролни натпревари.
Овој натпревар е дел од завршните подготовките на кадетите за пристојното Европско првенство во Скопје.
Хрватите беа подобар противник, особено во првото полувреме во кое и ја направија клучната предност. Уште во првата четвртина „коцкестите“ имаа двоцифрена предност (24:16), а на полувремето таа изнесуваше и +18 (40:22).
Гостите продолжија за „мелат“ и во тертипот период кој го добија со 31:21, за кончено во четвртиот црвено-жолтите да се разбудат поентерски. Таа четвртина напите кадети ја добија со 20:15, но само за ублажување на високиот пораз 63:86.
Индивидуалниот ефект по вака убедлив пораз е ирелевантен.
Утре од 18.30 часот, повторно во СРЦ „Кале“ овие две селекции ќе одиграат уште еден натпревар.
Тоа се завршните подготовки за нашите кадети кои од 4 до 13 август во Скопје ќе бидат домаќини на натпреварите од „А“ дивизијата на Европскиот шампионат за играчи до 16 години.