Екипата на Шкупи го продолжува европското лето откако ја елиминира екипата на Хегелман.

Вечерашната средба ја одигра рутински и без голови, 0:0 и со вкупен резултат од 5:0 се пласира во второто коло од квалификациите за Конференциската лига.

Првото полувреме помина без некоја посериозна шанса. Екипата на Шкупи го диктираше темпото и создаде неколку полушанси, меѓутоа мрежите мируваа во првите 45 минути.

Во вториот дел се очекуваше повеќе офанзивна игра од гостинската екипа која имаше голема негатива, меѓутоа немаа доволно сила за тоа да го прикажат. Првата сериозна шанса ја имаше Кристијан Трапановски во 80-тата минута.

Чаирчани одлично ја одработија својата работа и со мирна игра не дозволија да се случи некое чудо.

Во следната втора рунда чаирчани ќе играат во бугарскиот претставник Левски од Софија.