Јуниорската репрезентација на Македонија, за кошаркари до 18 години и по втор пат е поразена од врсниците од Швајцарија.
На контролните натпревари во Гевгелија, македонските надежи првиот дуел го загубија со 73-78, во вториот беа убедливо надиграни со 57-72.
Целата работа Швајцарците ја завршија уште во првото полувреме кое го добија со 17 разлика (39:22). Така формалност дел беше само чиста формалност, а избраниците на Андреј Апостолски Лечиќ впишаа уште еден пораз.
Така со две победи и дури пет порази, јуниорите за заокружија подготвителниот период за Европското првенство.
За краток период ќе мора да коригираат многу доколку сакаат позитивен настап во Б дивизијата на шампионатот во португалскиот град Матосињос, што започнува на осум дена.