Досегашните натпревари од петтиот ден на Вимблдон, засега минуваат без изненадувања. Така фаворитките за највисок пласман ги добија своите мечеви и се пласираа во следната рунда.
Тоа досега го сторија, Белорусинката, Арина Сабаленка која е второ рангирана, а која мораше да одигра три сета во мечот со Французинката, Грашева која ја доби со 2-6, 7-5 и 6-2.
Рускиот дуел и припадна на 19-носителка Викторија Азаренка која со 6-2 и 6-4 ја победи Дариа Касаткина. Пласман понатаму обезбедија и (9) Квитова од Чешка и Американката, Медисон Кејс (25).
Во попладневната програма од фаворитките ќе играат првата Ига Швјотеј портоив Хрватската, Мартиќ, како и Американката, Џесика Пегула која е 4-то рангирана, а која за противничка ја има Италијанката, Коциарето.