Трет пораз на младата македонска машка репрезентација за одбојкари до 17 години, на Балканското првенство во Тирана.

Македонските надежи се убедливо совладани од селекцијата на Турција со 3:0 во сетови во меч од последното коло во групната фаза.

Турците кои важат за еден од главните фаворити за освојување на златото, речиси и да не им дадоа шанса барем за надеж на напите одбојкари, па противникот ги доби сите три сета убедливо (25-13, 25-07 и 25-19).

Со три порази во исто толку одиграни натпревари македонските одбојкари завршија на 4.место во групата, па сега ќе ги чекаат резултатите од другата група, за да го дознаат својот противник во разигрувањето од 5 до 7 место во конечниот пласман на Балканијадата.