Теодор Симиќ е можеби главниот адут на младата репрезентација на Македонија за кошаркари до 20 години, која попладнево го започнува својот настап во Б дивизијата на Европското првенство чиј домаќин е Скопје.
Со повеќегодишно интернационално искуство младиот центар верува дека сплотеноста и хемијата која ја има во националниот состав треба да го донесе посакуваниот резултат, пласман во А дивизијата.
Првата пречка по долгиот пат на остварување на зацртаното е репрезентацијата на Чепка која важи за фаворит за највисок пласман, а натпреварот ќе се игра во СЦ „Кале“ се почеток од 18.30 часот.
Натпреварите на нашите младинци можете да ги гледате во ЖИВО ОВДЕ




































