Млада машка селекција на одбојкари до 17 години денеска продолжува со настапите на Балканското првенство во Тирана.

Откако во првите два меча младите македонски одбојкари беа поразени од домаќинот Албанија со 1:3 и вчера од Србија со 0-3, денеска ќе играат против Турција.

Избраниците на селекторот Ванче Санев, се пред невозможна мисија, бидејќи во дуелот од 3.коло на А групата попладнево се среќаваат со фаворитот во за највисок пласман на првенството, селекцијата на Турција која во првите две средби славеше убедливи победи со максимални 3-0 над своите противници.

Без разлика на исходот на овој меч, нашите млади одбојкари и викендов ќе имаат обврски, бидејќи ќе ги играат натпреварите за пласман од 5 до 7 место.

Натпреварите на нашите млади одбојкари можете да ги гледате во ЖИВО ОВДЕ