Мирко Радовиќ кој во улогата на капитен на Еурофарм Пелистер ја имаше привилегијата да го крене шампионскиот трофеј кој битолчани го освоија изминатата сезона, а по пауза од 18 години, денеска на својот Фејсбук профил се „одјави“ од зелениот дрес.
Во емотивната порака упатена пред се до навивачите на Пелистер, популарните „Чкембари“, Радовиќ истакна дека Еурофарм Пелистер го остава сигурни раце.