Новак Ѓоковиќ е победник на турнирот во Аделаида, кој е своевидна увертира на Австралија Опен.
Србинот кој беше прв носител на овој турнир, до трофејот стигна по голема борба со Себастијан Кодра.
Американецот го доби првиот сет во тајбрејк со 10-8. Ѓоковиќ беше видно нервозен до степен што го избрка својот брат од трибината.
Во вториот сет при водство од 6-5 Кодра имаше меч топка, но Ѓоковиќ успеа да го добие тој гејм и да се избори за нов тај-брејк во кој беше подобар со 7-3.
Третиот решавачки сет Ѓоковиќ го доби со 6-4 и го освои првиот трофеј во новата година со што најави дека побторно ќе биде еден од главните конкуренти за титулата на првиот Гренд-слем годинава Австралија Опен.