Во последниот тест пред заминувањето на Светското првенство, машката сениорска репрезентација на Македонија славеше победа над Израел.

На вториот свој натпревар на „Кроација Купот“ што се одржува во Пореч, подмладениот македонски тим го совлада Израел со 38-37.

Уште од самиот почеток избраниците на селекторот Кирил Лазаров ја презедоа контролата на резултатот и од минута во минута ја зголемуваат предноста, а најголемата изнесуваше 7 голови, за на полувремето да заминат со +4 (23:19).

Во меч во кој двете селекции повеќе размислуваа за нападот, отколку за одбраната, нашите ракометари му дозволија на противникот во последниот напад да се избори на „реми“, но сепак на крајот ќолто-црвените сосема заслужено се радуваа на победата.

Дејан Манасков со 11 постигнати голови, повторно најефикасен во нашата репрезентација, за која Филип Кузмановски придодаде 6, додека Гоце Георгиевски и Томислав Јагуриновски придодадоа по 4 гола.

На овие натпревари селекторот Лазаров не може да смета на тројца ракометари, кој останаа во Скопје, но се очекува и тие да бидат во комбинација за тимот што ќе патува во Краков.

Посетување дека Македонија е во група со Норвешка, Холандија и Аргентина, против кои ќе игра редоследно на 13-ти, 15-ти и 17-ти јануари.