Членот на македонската кошаркарска репрезентација, Американецот Ти Џеј Џорц, со својата екипа Телеком Бон е победник во Шампионската лига на ФИБА.
Во финалето на завршниот „фајнал-фор“ турнир што се одржа во шпанска Малага, германскиот тим беше подобар од израелската екипа Хапоел Ерусалим која од клупата ја предводи поранешниот македонски селектор Александар Џикиќ. Добивајќи три од четирите периоди, тимот од Бон заслужено славеше победа со 77-70.
И на овој натпревар „малиот“ Американец (175 цм), Џорц, само уште еднаш потврди дека висината не е најважна во кошарката.
Тој беше најдобриот поединец во финалето со 29 постигнати поени, а имаше и 3 асистенции и 1 скок, доволно го понесе признанието за најкорисен играч или популарно „МВП“.