Екипата на Пелистер е шампион во женската Пионерска конкуренција, откако во финалето оствари победа над Јехона со резултат 18:17.

Првата половина двата тима играа израмнето се до 8-таминута, по која екипата на Јехона со серија 3-0 поведе на 6:3. Меѓутоа, младите битолчанки не се предвидоа и со многу напор успеа да намали на 6:7. Но, составот на Јехона повторно создаде убава предност, сега од 4, за на пауза резултатот да гласи 11:9 за ракометарките на Јехона.

Второто полувреме започна со одлична игра на екипата на Пелистер, која успеа да израмни на 12:12 во 24-тата минута. од тогаш се играше израмнето и борбено за секоја топка до последната минута. Мотивираната екипа на Пелистер не се откажа и успеа да оствари победа со резултат 18:17.

Во натпреварот за третото место, ракометарките на Деспина успеаја да ја совладаат екипата на Ѓорче Петров, со резултат 20:18.

Ивона Кимовска