Олимпик Марсеј со нов триумф оди кон последниот воз за Лига на Шампиони. Со победа над Анже со 3:1, Марсеј скоро си ја потврдија 3.та позиција.

По 28 минути игра Абдалах Сима го отвори резултатот во полза на Анже (1:0).  Само 6 минути подоцна Алексис Санчез израмни на 1:1. Со тој резултат се отиде на полувреме.

На самиот старт на второто полувреме Марсеј поведе со 2:1. Димитри Паје во 48.та минута беше стрелец на врориот гол. Конечните 3:1 ги постави Жордан Веретут преку пенал во 77.та минута.

Марсеј во моментов по 35 одиграни кола е на 3.та позиција со 73 бода. Ленс се на втората позиција со 75 бода и ист број одиграни натпревари.

Марсеј со оваа победа му побегна на Монако, кои се на 4.та позиција со 65 бода. Анже веќе одамна се испаднати во втората француска лига.

Андреј Велјаноски