Екипата на Водно Санс не успеа да го освои трофејот во Европската младинска лига (EYBL) за кошаркари до 17 години чија завршница се играше во Скопје.
На завршниот турнир плурално нареченото „Супер финале“ чиј успешен домаќин беше токму нашиот претставник, настапија седум екипи, а во финалето Водно Санс загуби од Младост Земун со 75-66.
Иако првиот дуел на овие два тима го доби Водно Санс со 104-86, сепак во решавачкиот за трофејот, односно финалето, загуби од српскиот претставник со Младост Земун.
Гостите од Белград, одлично го отворија натпреварот и тоа со 10-0, за на првата кратка пауза да заминат со +7 (16-9), додека на полувремето имаа и +15 (45-30).
Нашите млади кошаркари не се откажаа по добивајќи го третиот период со 26-14, во последната четвртина Водно влезе со негатива од само три поени (59-56). Сепак немаа доволно сили „сонцата“ па на крајот сосема заслужено Младост Земун се радуваше на победа со кончени 75-66.
Иако на крајот мораа да се задоволат со сребрениот медал и вице-шампионскиот примат, сепак овие млади момчиња, мора да бидат задоволни од прикажаното во текот на целата сезона.
Да се биде втор во натпреварувањето низ кое продефилираа нивни врсници од 17 земји и над 50 екипи, не е мала работа, па затоа, нашиот коментарот за крај би гласел, БРАВО МОМЧИЊА, само продолжете со напорната работа и трофеите сами по себе ќе се доаѓаат.