На програмата во Мото ГП шампионатот беше 4-тата трка која се возеше во Херез за Големата награда на Шпанија.

Уште на самиот старт бевме сведоци на голем инцидент кој се случи на втората кривина кога Квартараро со невнимателно возење влезе во линијата на Оливеира по што се судрија и двајцата завршија во заштитната ограда.

Возачот на Априлија, Мигел Оливеира го извлече подебелиот крај од овој судир каде мораше да интервенира и брзата помош по што заврши во болница.

По повторниот старт на трката освојувачот на пол позицијата Биндер од КТМ Ред Бул ја поведе трката и беше во водствo скоро 20-тина круга.

Сепак победникот на трката беше решен на четири круга до крајот кога актуелниот шампион Бањаја на Дукати го мина лидерот на трката Биндер од КТМ и со сигурно возење стигна до победата.

Биндер се обиде во последниот круг пред крајот да го мине Бањаја, но возачот на Дукати ги анулираше нападите.

Така со оваа победа Бањаја и новите 25 бода сега е лидер на табелата кај возачите со 87 бода, пред Безеки кој остана на 65 бода и не ја заврши трката поради пад, а на третото и четвртото место се возачите на КТМ Ред Бул Биндер со 62 и Џек Милер со 49 бода.

За две недели се вози петтата трка во Мото ГП каде на програмата е ГН на Франција на патеката Бугати.

Тосмислав Атанасовски