Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска ја продолжи серијата победи на фјучрсот во Куршумлијска Бања во Србија. Таа откако ги мина квалификациите попладнево во првото коло ја победија италијанската тенисерка Перетини Валега Монтебруно, која на турниорт настапуваше со „вајлд карта“. Стоилковска мечот го доби со 2-0 во сетови за два часа игра.
Првиот сет нашата тенисерка го доби во тај брекот, откако се играше изедначено, иако Стоилковска имаше предност од брејк и водеше со 3:1, но сепак на крајот се избори за 6:6 и „13-та игра“ ја доби со 7:2 на поени за водство од 1-0 во сетови. Во вториот сет нашата тенисерка поведе со 3:0 и 5:1 и предноста ја зачува до крајот и го доби сетот со 6:2 во гемови.
Утре во мечот од второто коло Стоилковска ќе игра повторно против тенисерка од Италија, шестата носителка Софија Рокети, која на Летонката Маргарита Игњатева и препушти само два гема (6:1 и 6:1).
Стоилковска во квалификациите ги победи Анастасија Пулишева од Русија (2-0 во сетови) и Ања Петровиќ од Србија (2-0 во сетови).